Уште два откази од Лигата на Европа – ниту полските тимови не се имуни на корона кризата!

По Хановер и Ла Риоха, уште едно звучно име се откажа од играњето во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Станува збор за полскиот тим Горњик Забже, кој објави соопштение и ги објасни причините за таквиот чекор.

„Треба да платите котизација за учество од 20.000 евра, а тоа е премногу за овие тешки времиња, а ќе беше потребно и да изнајмиме друга поголема сала за натпреварите од Лигата на Европа, што ќе ни донесеше уште поголеми трошоци“, велат од полскиот клуб.

Уште еден полски претставник се откажа од настап во европските купови, Гвардиа Ополе, што значи дека покрај Келце во ЛШ, во ЛЕ ќе играат Висла Плоцк и Азоти.

Покрај Горњик, Гвардиа Ополе, Хановер и Ла Риоха, претходно се откажаа од настапи и неколку клубови од Хрватска, Словенија, Унгарија, Белгија, Луксембург, па ќе биде интересно да се види како ЕХФ ќе ги формира шеширите пред ждрепката и кои тимови ќе играат директно во групите.