Утре почнува третиот турнир „Илинден 2019“, ќе учествуваат 14 македонски екипи

Од утре па до недела во спортската сала во населба Илинден ќе се одржува третиот по ред турнир „Илинден 2019“.

Лани на овој турнир настапуваа кадетски екипи, а годинава шанса за промоција ќе добијат 14 младински екипи, 10 во машка и 4 во женска конкуренција.

Машките ќе играат најпрво во две групи по пет екипи, а потоа полуфинале и финале, додека девојчињата ќе играат по системот секој со секого.

Во групата А во машка конкуренција се Илинден, Аеродром, Пролет, Вардар Јуниор и Драчево, а во групата Б се Металург, Вардар, Еурофарм Работник, Алушовски и Балтепе.

Во женска конкуренција ќе настапат Металург, Вардар, Илинден и Аеродром.