Утре ждрепка за Купот на Македонија – еве ги шеширите кај мажите и жените

Утре на пладне во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе биде извршена ждрепка за Купот на Македонија.

Станува збор за ждрепката за групната фаза, односно осминафинале и четвртфинале на едно место, по што ќе бидат познати учесниците на завршните турнири во двете конкуренции.

16 екипи кај мажите и 15 екипи кај жените се поделени во четири шешири пред ждрепката, а утре ќе бидат познати полуфиналните двојки од групите.

Натпреварите ќе се играат на 18/19 март.

Куп на Македонија, мажи, шешири пред ждрепка:

шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
шешир 2: Тиквеш, Охрид, Пролет, Прилеп
шешир 3: Струга, Радовиш, Алкалоид, Скопје
шешир 4: Јуниор КВ, Вардар Неготино, Голден Арт, Куманово 

Куп на Македонија, жени, шешири пред ждрепка:

шешир 1: Ѓорче Петров, Куманово, Металург, Вардар
шешир 2: Чаир, Стружанка, Деспина, Пелистер
шешир 3: Овче Поле СУ, Шампион, Гевгелија, Астибо
шешир 4: Спартак, Кузман Вардар, Скопје