Успешно деби на новата тренерска тројка, Куманово славеше над Прилеп

Ракометарите на Куманово имаа одличен натпревар под водство на новиот тренерски тим и во 17. коло од Првата машка лига ја совладаа екипата на Прилеп на домашен терен со 28:24.

Кумановци имаа перфектен почеток на мечот, отворија со 5:0, а потоа има и 7:1. Прилеп по слабиот почеток успеа да ја намали негативата, но во завршниот дел од првото полувреме повтроно Куманово имаше добар период и со серија од 5:0 на полувреме отиде со висока предност од 18:9.

Во продолжението на мечот домашната екипа имаше целосна контрола на резулатот. Куманово имаше највисока предност од 12 гола против второпласираната екипа на табелата, но сепак Прилеп успеа да го ублажи поразот до крајот.

Најефикасен во екипата на Куманово беше Андреј Миладиновски со осум гола, а Милош Стошиќ постигна седум. За Прилеп, по пет гола постигнаа Пајкоски и Бикоски. И покрај овој триумф Куманово нема шанси за плеј оф и до крајот на сезоната ќе игра во плеј аутот.