„Успехот на Вардар и Металург се насетуваше од претходно“

Името на Славе Атанасовски е запишано во голем број на македонски клубови, каде паралелно бил и тренер и играч – Работнички, Вардар, Пролет, Борец, Металург…

Имал понуда да игра и за Металопластика, а за таа пропуштена шанса жали и ден денеска. Но од друга страна е среќен што до прва рака можел да го види подемот на македонскиот клупски ракомет.

„Во тоа време созреваа тие генерации во Металург и Вардар и се насетуваше дека ќе се искачиме во европскиот врв. Михајло со Вардар и Минчо со Металург се креатори на професионалните ракометари. Минчо кога го формираше Металург му ги зема на Михајло играчите, па сопствениците се наддаваа… Тие почнаа да ги плаќаат играчите, донесоа тренери од надвор и ги направија професионалци. Металург е првенец во системска работа на еден клуб. Лино кај некои тренери има преодна оценка, кај некои нема. Факт е дека Лино прво побара и доби комплетно реновирана „Автокоманда“, потоа формира Академија во која работеа неколку тренери со четири-пет генерации и го крена нивото на работа. Потоа факт е дека си го гледаше само интересот, да си ги земе парите и да си замине. Вардар исто така вложи многу, го донесе кремот на европскиот ракомет и затоа му се врати со две титули во Лигата на шампионите.“

Комплетното интервју прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ СЛАВЕ АТАНАСОВСКИ – ЧАВЕ: Селекторот не може да седи на „две столици“, Брестовац мора да избере!