Унгарскиот гигант најде нов тренер: Данец на клупата на Ѓер!

Шпанскиот стратег Амброш Мартин на крајот на оваа сезона ќе ја напушти клупата на унгарскиот гигант Ѓер, а клубот веќе го потврди неговиот наследник.

Станува збор за данскиот тренер Улрик Киркели, кој во моментов е тренер на Оденсе, кој игра одлично во Лигата на шампионите.

Тој потпиша договор на две сезони, со можност соработката да биде продолжена и на уште една сезона ако двете страни се задоволни.

Киркели е поранешен селектор на женската репрезентација на Јапонија и на машката на Саудиска Арабија, а додека Јан Питлик беше селектор на Данска, тој му беше асистент.