Унгарија подобра од Црна Горa, Норвешка се врати од минус осум против Франција

Продолжуваат пријателските натпревари ширум Европа помеѓу репрезентациите кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Токио.

Унгарија имаше добра контрола во подготовителниот период пред Олимписките игри и триумфираше против Црна Гора со 28:22.

Ракометарките на Унгарија во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот, на полувреме водеа 14:10, а во продолжението ја потврдија победата.

Репрезентативките на Норвешка и Франција го одиграа вториот меѓусебен дуел во подготвителниот период. Откако на првиот дуел Норвежанките славеа убедливо, вториот меч заврши без победник 28:28.

Франција доминираше во првото полувреме и имаше висока предност од 18:10, сепак во продолжението Норвежанките успеаја да извегнат пораз.