Унгарија и Германија победници на ЕП во ракомет на плажа

Репрезентацијата на Унгарија во машка конкуренција и репрезентацијата на Германија во женска конкуренција се победници на Европското првенство во ракомет на плажа, на кое домаќин беше португалскиот град Назаре.

Машката селекција на Унгарија до златниот медал стигна откако во финалето ја победи Германија со 2-0 во сетови.

Третото место им припадна на ракометарите на Данска, кои со 2-1 во сетови славеа против домашната селекција.

Кај дамите првото место го освои Германија по триумфот над Холандија со 2-1 во сетови, додека Шпанија се избори за бронзата по триумфот над домаќинот со 2-1.

Женската репрезентација на Македонија без победа и на последното место го заврши настапот во Португалија.