Тројца Македонци во трка за Ол Стар тимот во ЛШ, номинирани се и две легенди на Вардар

Европската ракометна федерација ги отвори гласањето за Ол-Стар тимот оваа сезона во Лигата на шампионите. Во поширокиот избор, на секоја позиција има номинирано по шест ракометари, а може да се гласа за еден.

Меѓу нив се тројцата македонски репрезентативци – Кире Лазаров од Нант, Дејан Манасков од Веспрем и Никола Митревски од Порто.

Конкуренти на Митревски му се Ландин од Кил, Нилсен од Нант, Мелер од Барселона, Буриќ од Фленсбург и Цупара од Веспрем. Конкуренти на Манасков му се Ландин од Кил, Ване од Флеснбург, Ривера од Нант, Дибиров од Вардар и Бартолд од Алборг.  Конкуренти на Лазаров му се Душебаев од Келце, Рајнкинд од Кил, Ремили од ПСЖ, Мем од Барселона и Јахија од Веспрем.

Номинации има и за двете крила на Вардар – Тимур Дибиров и Иван Чупиќ.

Може да гласате на следниот ЛИНК. Гласањто ќе биде отворено до 10 јуни, а Ол-Стар тимот ќе биде објавен за време на Ф4 во Келн на 12 и 13 јуни.