Три ракометарки вклучени во допинг скандалот на Корона ќе го тужат клубот

Како што пренесуваат романските медиуми три од ракометарките кои беа вклучени во допинг скандалот на Корона Брашов одлучиле да поднесат тужба против клубот.

Во 2019 година голем дел од екипата користела недозволена метода со ласер после која голем број ракометарки добија суспензија.

Романките Елиза Буческу, Крстина Ласло и Украинката Викторија Тимошенкова, како оштета од клубот бараат од 89 илјади долари до 113 илјади долари, а засега ќе тужат само три од оштетение 19 ракометарки.

Меѓу ракометарките вклучени во скандалот беше и македонскта интернационалка Наташа Нолевска, која сега насапува во екипата на Куманово.