Тримо со реми кај Шмартно, Македонците со солиден учинок

Македонските интернационалци во дресот на Тримо Требње, Тоше Ончев и Милан Лазаревски имаа уште еден добар настап за својот тим. На гостувањето кај Шмартно, Тримо не успеа да триумфира и одигра само 28:28.

Македонските интернационалцм имаа свој придонес на овој дуел, но тоа не беше доволно нивниот тим да освои цел плен. Тоше Ончев беше втор стрелец во тимот на Тримо со пет гола, додека Милан Лазаревски постигна два погодоци.

Тримо имаше многу проблеми против незгодниот противник, во поголемиот дел од првото полувреме гостите имаа водство, но во завршните минути Шмартно го сврте резултатот и на полувреме замина со предност од 15:13.

На почетокот на вториот дел домаќините имаа и највосоко водство од пет гола, сепак до крај на натпреварот Тримо успеа да израмни и имаше шанса да ги освои бодовите, но во завршницата Шмартно обезбеди нерешен исход и еден бод.

Со овa реми и пропуштените бодови Тримо уште повеќе заостанува зад водечкиот Целје на табелата. Целјани се први со 33 бода, четири повеќе од Тримо Требње и натпревар помалку. Во следното коло Тримо ќе го пречека Копер.