Трето засилување во Автокоманда – потпиша десниот бек Никола Потиќ!

По Момир Рниќ и Бранко Канкараш, тимот на Металург го донесе и третото засилување за претстојната сезона, десниот бек Никола Потиќ.

Станува збор за српски интернационалец кој има 26 години и доаѓа од Втората Бундес лига, од составот на Либек. Претходно Потиќ беше дел од хрватскиот Загреб, а настапуваше и за шпанските Пуенте Хенил, Моразо Кањас и Хихон, како и словенечката Крка.

Потиќ потекнува од белградски Партизан со кој дебитираше во Лигата на шампионите во сезоната 2013/14.

Тимот предводен од тренерот Зоран Кастратовиќ се очекува да добие уште најмалку три нови засилувања, со кои Металург ќе може да се бори за домашните трофеи со Вардар и Еурофарм Пелистер, а да биде конкурентен и на меѓународна сцена.