Тренираа во ходник во хотелот пред натпревар, па… (ВИДЕО)

На вчерашните дуели кои беа одиграни во Лига на Европа имаше интересни резултати, но имаше и еден интересен момент пред дуелот меѓу Кристијанштад и Татран Прешов.

Гостите не заминаа во сала да одржат утрински тренинг на денот на натпреварот, но се снајдоа.

Со оглед на тоа што хотелот во кој беа сместени имаше доволно широк ходник за да можат да трчаати да се разминуваат тие одработија тренинг во ходникот.

Како изгледаше овој момент можете да погледнете во продолжение, па дефинитивно интересен момент за Славко Голужа и момците.

Инаку, Татран Прешов загуби на гостувањето кај Кристијанштад со 25:32.