Тренерската огранизација без став: Да се игра или да се прекине првенството?!

Веќе втор месец не се играат натпревари, екипите не тренираат а неизвесно е уште колку време ќе трае сегашната вонредна ситуација. Некои ракометни федерации во Европа веќе решија да ги прогласат победниците, некои да ги поништата првенствата и така да стават крај на неизвесноста. Но, сè уште се чека на одлуката на ЕХФ дали ќе продолжи сезоната, како ќе се одредат учесниците на Ф4 турнирот и дали тој ќе се игра…

Подеднакво е погоден и македонскиот ракомет бидејќи Вардар и Еурофарм Пелистер не настапуваат во домашната лига во првиот дел, туку директно во плејофот. Но, тој требаше да почне во март… РФМ сè уште нема одлука што со првенството.

Редакцијата на 24 ракомет во изминатиот период спроведен анкета и ги праша клубовите од Супер лигата какво е нивното мислење – како да се стигне до шампион? кој да испадне? Од многуте различни размислувања може да произлезе и некој интересен предлог што би можел да биде дел од некое решение на РФМ.

За разлика од клубовите, некои нивни тренери и членови на управа кои имаат свое размислување, став и идеи како понатаму, Здружението на тренери на Македонија нема став, ниту пак досега размислило, ниту дало предлог до РФМ како да се заврши сезоната, како да се одреди првакот, кој да испадне, како оваа ситуација ќе влијае на клубовите, играчите и репрезентацијата, уште помалку некаква анализа.

Тренерите, сепак, се активни и одржуваат онлајн предавања на различни теми. Околу 70-тина тренира досега се вклучуваат на тие од лајн предавања. Редакцијата на 24ракомет сакаше да биде дел од онлјан платформата на ЗРТМ, да ги слушне размислувањата на македонските тренери на различните прашања. Но бевме одбиени со образложение
„Ве известуваме дека тренерската работилница (заради заштита на личните права и интереси на тренерите) е од затворен тип, само за ракометни тренери“.

Затоа моравме писмено да побараме одговор на прашањата за кои цел месец пишуваме. Од ЗРТМ добивме одговор дека „Првенството е во надлежност на РФМ и не се мешаме во политиката на работење на федерацијата, ЗРТМ како дел од РФМ ги поддржува ставовите и одлуките на РФМ.

Засега немаат никакви предлози упатени до УО на РФМ во врска со ова прашање. Но, иако се одржани досега 9 онлајн работилници ниту еднаш не е покренато ова прашање.

Дел од тренерската организација се селекторите и тренерите на сите македонски селекции. Тие требаше во овој период да игра квалификациски натпревари, но сè е одложено. Надвор од тренажен процес, без клупски натпревари проблеми ќе има и репрезентацијата.

„Сегашната ситуација, сите сме свесни дека понатаму ќе се одрази во сите сфери од животот и работата. Како ќе се одрази во репрезентациите ќе покаже времето. Ние како ЗРТМ ќе ги подржиме сите напори на федерацијата за ублажување на последиците од пандемијата во секој поглед, се вели во одговорот од ЗРТМ.

Здружението на тренери во Македонија брои 281 тренер, но не се сите активни. За оваа натпреварувачка сезона се лиценцирани 112 тренери, од што 18 во Супер лигата, 23 во Прва лига, 14 во женската лига и 57 во младински категори.

Ако тренерите немаат став, тогаш кој е тој што треба да каже дали е добро да се игра сега, дали играчите можат брзо да се подготват, нема да бидат под притисок и со зголемена можност од повреди.

Веројатно заштитата на личните права и интереси на тренерите е поважно од сè.