Тренерот на Митревски го продолжи договорот: Андерсон во Порто до 2024 година!

Шведскиот стратег Магнус Андерсон го продолжи договорот со португалскиот првак Порто, каде што игра македонскиот репрезентативец Никола Митревски.

Андерсон ќе остане во Порто до 2024 година. Швеѓанецот имаше активен договор до крајот на сезоната 2021/22, кој е продолжен за уште две години.

Порто нема пораз во португалскиот шампионат и забележа 14 победи на 14 натпревари, а во Лигата на шампионите е пред пласман во осминафиналето.

Андерсон е на клупата на Порто од 2018 и ако остане до крајот на договор ќе комплетира шест години во Португалија.

Претходно беше на клупата на Гепинге, Копенхаген, Малме, Дрот, а беше и селектор на репрезентацијата на Австрија.