Тренерите се против правилото „седум на шест“ – Червар еден од ретките што е против укинување

Германскиот „Handball woche“ направи анкета меѓу 39 тренери на машки и женски екипи, односно репрезентации за правилото „седум на шест“. Дури 30 од елитните стратези се за укинување на тоа правило, четворица од нив се за негова модификација, додека петмина сакаат да остане како што е. ИХФ по ова прашање би требало да се занимава на следниот конгрес.

Во анкетата меѓу другите учествуваа Данило Брестовац, Лино Червар, Давид Дејвис, Роберто Гарсија Парондо, Амброш Мартин, Љубомир Врањеш, Талант Душебаев, Раул Гонзалес…

Хрватскиот селектор е еден од оние што сметаат дека не треба да биде укинато ова правило.

„Многу поериозно е тоа што аматерски судии водат натпревари на професионални екипи и се премногу во фокусот во кој би требало да се играчите и тоа поради правилата. Има многу правила за кои може да се зборува за да го направиме ракометот поатрактивен. Како и да е, мислам дека правилото на седми играч на теренот е добра одлука и може да го унапреди ракометот. Ги прави послабите тимови подобри, натпреварите побалансирани, тактички лимитираните тренери имаат поголеми шанси. За разлика од другите, јас сметам дека 7 на 6 ја зголемува креативноста на играчите, затоа што мораат да работат како колектив, а не да бидат само индивидуално силни. Ракометот не е за себичните, напротив, се работи само за тимот и ова правило е секаков во фокусот. Поважно е, ИХФ и ЕХФ да ги слушаат најдобрите тренери почесто за различни теми и да дискутираат со нив кога станува збор за стратегии и иднината на ракометот“, вели Червар.

Селекторо на Македонија, Данило Брестовац, смета дека ова „седум на шест“ треба да биде укинато.

„Постои сериозен проблем со новите правила кои ги фаворизираат субјективните одлуки на судиите. Ако имаме атрактивен ракомет, тогаш ќе ги изгубиме основните принципи и квалитетот на нападот. Нападот се сведува на ограничени движења, креативноста се рефлектира само преку додавање до пивот, со минимално забрзување до пробивање на одбранбената линија. Не мора да ги менуваме позициите, немаме игра еден на еден. Влегувањето на седми играч и предноста од играч повеќе во поле во моментот, нè става во инфериорна позиција во текот на целиот натпревар. Дали е тоа идејата? Сигурно не! Динамиката на играта е изгубена и ритамот се забавува. Досега имавме за цел да ја забрзаме играта и во овој случај, таа се забавува наместо тоа. Сега нападот мора да почека голманот да се смени со играч. Со ова правило играта на голманите се става во позадина, нивниот начин на тренинг се менува. Стилот на игра што јас го практикувам не одговара на ова и јас не сум поборник на ова правило. Сакам мојот тим да игра со шест играчи, да може топката да има одлична циркулација во нападот, со повеќе движења и игра два на два…“, вели Брестовац.

Мислењето на Брестовац го делат Гонзалес и Дејвис, додека Парондо е воздржан, ама сака да се модифицира правилото.

„Сакам мојот тим понекогаш да има седми играч за неколку напади. Но не сакам кога еден тим цел натпревар игра без голман, бидејќи така ракометот губи дел од акциите како што е на пример еден на еден“, вели Парондо.