Тренерите гласаа: Марија Николиќ е најдобар пивот во грчкиот шампионат!

Репрезентативката на Македонија и членка на ПАОК Солун, Марија Николиќ беше избрана за најдобар пивот во грчкиот шампионат.

Николиќ е една од главните ракометарки во ПАОК и на изминатите натпревари беше една од клучните играчи во тимот од Солун. Таа имаше солидни настапи и на европска сцена со нејзиниот тим во рамките од ЕХФ Купот.

Во организација на специјализираниот грчки ракометен сајт „Greek Handball“, беше избран идеалниот тим на регуларниот дел од сезоната.

Сите тренери на 12 суперлигашки екипи кои се натпреваруваат оваа сезона ја избираа најдобрата постава со седум ракометарки. Македонката беше избрана од девет тренери како најдобар пикер во грчкиот шампионат и зад себе немаше доволно конкуренција.