ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Сармиенто не помислува на пензија, Божовиќ продолжува со Гумерсбах

  • 37-годишниот шпански репрезентативец Дани Сармиенто и во следната сезона ќе остане во францускиот Сен Рафаел, откако го продолжи договорот на една година.
  • Некогашниот член на Металург, Јанко Божовиќ, и во следните две години ќе ги брани боите на членот на Втората Бундес лига, Гумерсбах.
  • Полската репрезентативка Александра Зич, на крајот на сезоната ќе си замине од Борусија Дортмунд и ќе се пресели во романската Магура Чиснадие.
  • Францускиот Нант од следната сезона ќе смета на услугите на младиот десен бек од Србија, Милан Милиќ, кој потпиша четиригодишен договор.
  • Шпанската интернационалка Ирен Еспинола го продолжи договорот со бундеслигашот Некарсулмер на уште две сезони.
  • Аргентинецот Пабло Симоне, брат на многу попознатиот Диего, ќе го продолжи престојот во Куенка, откако стави потпис на нов двегодишен договор.
  • Шведскиот среден бек од Савехоф, Вилијам Богојевиќ, на лето се сели во данскиот Силкеборг, со кој потпиша договор на две сезони.