ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Ривал на Вардар се ослободи од еден ракометар, Бешикташ донесе двајца странци

  • Норвешкиот шампион Елверум, кој ќе биде ривал на Вардар во Лигата на шампионите, го даде на позајмица десниот бек Александар Митровиќ во тимот на Фјелхамер. На таа позиција во Елверум ќе играат Унгарецот Доминик Мате и домашниот ракометар Симен Шонегсен.
  • Српската репрезентативка Дијана Радојевиќ и стана колешка на нашата Елена Ѓорѓиевска откако потпиша договор со романската екипа Магура Чиснадие. Левото крило претходно играше за француските Мерињак и Шамбре Турен, исландскиот Селфос, турскиот Јенимахал, како и матичната Јагодина.
  • Бразилското десно крило Рудолф Акбарт и понатаму ќе остане во тимот на Ла Риоха откако го продолжи договорот со шпансата екипа на уште една сезона.
  • Младинската репрезентативка на Русија, Елена Портагина, во следната сезона ќе го носи дресот на белорускиот тим Гомбел. Портагина во татковината ги носеше дресовите на Лада Тољати, Луч Москва, ЦСКА и Кубан.
  • Турскиот шампион Бешикташ донесе две странски засилувања пред стартот на новата сезона во која ќе игра во Лигата на Европа. Станува збор за хрватскиот дефанзвиец Јосип Булјубашиќ, кој веќе играше во Бешикташ од 2013 до 2019 година, како и португалскиот среден бек Хуго Лима, кој беше дел од францускиот Сесон Рен.
  • Младинската репрезентативка на Црна Гора, Ивана Годец, која досега играше за Будуќност, ќе го има првиот интернационален предизвик, откако левото крило го стави потписот на договорот со словачкиот првак Хувента Михаловце.