ТРАНСФЕР МАРКЕТ: „Ракометниот Шек“ има нов клуб, Ненадиќ продолжи со Ѕвезда, Монпелје донесе лев бек

  • Конгоанскиот репрезентативен пикер Готје Мвумби, кој доби прекар „ракометниот Шек“, следната сезона ќе игра во Третата лига на Франција. Тој потпиша договор со тимот на Антан Шарант.
  • Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот голман Виктор Гигов, донесе нов чувар на мрежата за следната сезона. Станува збор за Белорусинот Павел Јарашук, кој доаѓа од португалскиот тим Мадеира.
  • Амбициозниот српски тим Црвена Ѕвезда, објави дека е продолжена соработката со левиот бек Драшко Ненадиќ за уште една сезона. Братот на Петар Ненадиќ претходно играше за Гранољерс, Гвадалахара, Фленсбург, Берлин, Кобург, Хамбург, Целје…
  • Францускиот Монпелје објави дека е потпишан договор со данскиот лев бек Андреас Холст, кој доаѓа од Алборг. 27-годишниот Данец ќе остане во Монпелје до 2025 година, а доаѓа како замена за Карл Валиниус кој се пресели во Кил.
  • Некогашниот репрезентативец на Исланд, Арнор Атласон, кој сега е асистент тренер во Алборг, од 2023 година ќе има нов предизвик во кариерата. Тој ќе биде прв тренер на составот на Холстебро, со кој потпиша договор до 2026 година.