ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Поранешен вардарец ја заврши кариерата, Целје се засили со хрватски двометраш

Поранешниот ракометар на Вардар, левиот бек Анте Кукрика, по долги години играње во косовскиот тим Беса Фамгас, најави крај на кариерата.

Двете полски репрезентативки што играа во Баја Маре заедно со Марија Штериова, средниот бек Паулина Масна и левиот бек Силвија Лисевска, во новата сезона ќе играат за тимот на Клуж.

Романскиот шампион Динамо Букурешт го продолжи договорот со левото крило Никусор Негру на уште една сезона, па на двете крилни позиции ќе има само домашни играчи.

Некогашниот голман на Металург, Мирослав Коциќ, кој по заминувањето од Авткоманда и настапите во турскиот Бешикташ и францускиот Саран се врати во Србија, го продолжи договорот со Железничар Ниш.

Словенечкиот шампион Целје, потпиша договор на три сезони со младиот Хрват, Верон Начиновиќ. 20-годишникот кој е висок 203 сантиметри досега играше во Замет Ријека.

Доскорешниот соиграч на Коки Петров во шпанската Гвадалахара, Чема Маркес, кој беше и најдобар стрелц на тимот, во новата сезона ќе ги брани боите на тимот на Грањолерс.