ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Миклер и Бодо не мрдаат од Сегед, екс вардарец ќе игра до 42 години, Лимож купува од ПСЖ

  • Двајцата унгарски репрезентативци Роланд Миклер и Ричард Бодо ги продолжија договорите со шампионот ПИК Сегед. Голманот се обврза на соработка до 2024 година, додека Бодо треба да остане до 2025 година.
  • Некогашниот голман на Вардар, 39-годишниот Голуб Докниќ, кој сега брани за австриската репрезентација, го продолжи договорот со тимот на Алпла Хард. Харизматичниот чувар на мрежата треба да остане во клубот до 2024 година.
  • Најдобриот стрелец на Мундијалот во Шпанија, Натали Хагман, која постигна 71 погодок на турнирот, ја продолжи соработката со францускиот Нант до 2023 година. Швеѓанката настапува во Нант од 2020 година.
  • Некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, го продолжи договорот со романска Констанца на уште две сезони. Актуелниот договор беше со важност до 2022 година, а сега Босанецот треба да остане во Констанца најмалку до 2024. Покрај Вегар, договор на уште една сезона со овој тим потпиша и десното крило Страхиња Станковиќ.
  • Левото крило на Алборг, Бастер Јул Ласен, потпиша нов договор со данскиот шампион кој е со важност до 2024 година. 28-годишниот ракометар игра за Алборг од 2013 година и постигна 1077 погодоци досега.
  • Амбициозниот француски Лимож продолжува да се засилува. По Матеј Хрстиќ, кој уште зимава ќе оди во Франција, Лимож го ангажираше и голманот од ПСЖ, Јан Женти, кој потпиша договор со тимот што ќе биде предводен од Алберто Ентрериос.