Пикерот на полската репрезентација, Јоана Драбик, потпиша нов договор со тимот на Заглебје Лубин и ќе остане во шампионот и во следните три сезони, односно до 2025 година.
Чешкиот среден бек Томаш Бабак ја продолжи соработката со бундеслигашот Бегишер до 2026 година. Тој досега има одиграно 221 меч за овој клуб и постигнато 464 погодоци.
Унгарсиот вицепрвак Веспрем продолжува да работи на играчкиот кадар. По голманот Цупара, нов договор потпиша и францускиот репрезентативец Кентан Мае. Договорот е на една сезона, со можност да биде продолжен за уште една.
Бундеслигашот Мелсунген објави дека е потпишан нов договор со десното крило Јулијан Фукс. 21-годишниот ракометар се обврза на верност до 2025 година и ќе формира трио со Тимо Кастенинг и Дмитри Игнатов.
Романската репрезентативна голманка Јулија Думанска реши да го продолжи договорот со амбициозниот тим Глорија Бистрица. Думанска се обврза на едногодишна верност.
Швајцарскиот Кадетен Шафхаузен објави за трансферот на полскиот репрезентативец Ариел Петрасик. 23-годишниот среден бек на Сент Гален игра одлично во швајцарскиот шампионат и постигнува во просек по девет гола на натпревар.
Плејмејкерот Јури Кнор потпиша нов договор со Рајн Некар Левен, кој го обврзува да остане во Манхајм до 2026 година. Тој минатата сезона дојде во Рајн Некар од Минден, а претходно мина дел од кариерата во големата Барса.
Ривалот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, Бидасоа, објави дека е продолжен договорот со левото крило Микел Сабала за уште четири сезони, односно до 2026 година.
Данскиот Есбјерг веднаш најде замена за норвешката репрезентативка Вилде Ингстад во името на Рике Иверсен, која досега играше за Оденсе. Таа потпиша договор на три сезони.