ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Екс играч на Охрид го смени клубот во Грција, Пешевски доби соиграч од Словенија

  • Поранешниот играч на Охрид, Французинот Малик Хогас, кој настапуваше за грчкиот шампион АЕК Атина, во новата сезона ќе има нов предизвик – Диомидис Аргос.
  • Полскиот вицепрвак Висла Плоцк го потврди ангажманот на левиот бек Сергеј Марк Косоротов, кој потпиша договор на две години од сезоната 2021/22.
  • Некогашниот црногорски репрезентативец Игор Марковиќ, кој шест години беше дел од унгарскиот Комло, се врати во матичниот клуб Ловќен, каде планира да ја заврши кариерата.
  • Словенечкиот чувар на мрежата Примож Прост, е најновото засилување за составот на Штутгарт, каде што игра македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски.
  • Русинката Јулија Хавроњина, ќе биде третото засилување за турскиот шампион Кастамону по Екатерина Веткова и Алена Ихнева.
  • Европскиот шампион Ѓер остана без услугите на унгарската репрезентативка Бернадет Боди, која иако имаше договор на уште една реши да си замине. Доротеја Фалувеги и Викторија Лукач ќе бидат десните крила на Ѓер во следната сезона.