ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Вардарците остануваат „лисици“ до 2027 година, Вајнхолд не мрда од Кил

  • Кружниот напаѓач на Мотор Запорожје и белоруската репрезентација, Вјачеслав Бохан, го продолжи договорот со украинскиот првак и ќе остане во тимот што игра во Лигата на шампионите до летото 2023 година.
  • Средниот бек на полскиот првак Келце, Михал Олејничак, се обврза на нов договор и ќе остане во тимот на Душебаев до 2027 година. Иако беше најавено дека тој ќе оди на позајмица, веројатно ќе остане во Келце и следната година.
  • Некогашните ракометари на Вардар, Дејан Милосављев и Мијајло Марсениќ, ќе останат уште долго време во Бундес лигата. Двајцата српски репрезентативци потпишаа нови договори со Фуксе Берлин, кои се со важност до 2027 година.
  • Левиот бек на Дунареа Браила и бразилската репрезентација Самара Да Силва Виеира, по само половина година си заминува од Браила. Таа потпиша соработка со шампионот ЧСМ Букурешт.
  • Десниот бек на Кил, Штефан Вајнхолд, се обврза на нов договор на една сезона со бундеслигашот. Вајнхолд, кој се повлече од нациоаналниот тим, во иднина ќе се концентрира само на клупските настапи.