Левиот бек Дарко Стевановиќ кој претходно играше за Партизна, Балатонфуреди и последно Егер во Унгарија, се сели во катарскиот Ал Араби, откако потпиша договор на три сезони.
Пикерот Матеуш Пиечовски кој си замина од Висла Плоцк, е многу блиску до потпис со шпанскиот Адемар Леон. Тимот од Асобал е предводен од Маноло Каденас, кој соработуваше заедно со Пиечовски во полскиот тим.
Романскиот тим Баја Маре му донесе конкуренција на Жозе Толедо. Станува збор за 28-годишниот десен бек Никола Шкробиќ, кој последната сезона играше за Банијас во Обединетите Арапски Емирати.
Рускиот првак Чеховски Медведи по Артем Кулак, го обезбеди потписот и на пикерот Александар Ермаков во следните три години. Ермаков претходно настапуваше за Динамо Астрахан.
Словенечкиот лев бек Јака Шпилјак, кој во последните четири сезони беше дел од шпанскиот Сагунто, ја продолжува кариерата во Асобал, но во друг клуб – Бенидорм, со кој потпиша договор за следната сезона.
Десното крило Ник Томинец ја продолжи соработката со швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен, откако потпиша договор за следните три сезони.