Шпанскиот гигант Барселона го продолжи договорот со бразилскиот репрезентативец Дос Сантос Тијагуш Петруш, и дефанзвиецот ќе остане во „Блауграна“ најмалку до 2023 година.
Левиот бек на Нант, Антонио Гарсија Робледо, заминува во овој клуб и се враќа во претходниот – Грањолерс, со кој потпиша договор на една сезона.
Романската Сучеава, за која потпиша Костадин Петров, го донесе и шестото засилување за новата сезона. По голманот од Ница, Даруис Макарија, потпиша и левиот бек на Бешикташ, Баран Налбантоглу.
Црногорскиот репрезентативен голман Миле Мијушковиќ, кој досега му беше соиграч на Дарко Димитриевски во Синфин Сантандер, не е повеќе член на овој клуб.
Српскиот вицепрвак Металопластика го престави првото засилување за новата сезона. Станува збор за порнашениот среден бек на Кикинда, Милан Лисица.
Десниот бек на Виктор Ставропол, кој претходно беше член на Чеховски Медведи – Максим Куретков, го продолжи договорот со преставникот на Русија во Лигата на Европа на уште една сезона.
Десното крило на Вибжеже Гдањск, Кшиштоф Комаржевски, веројатно ќе биде најновото засилување за полскиот вицепрвак Висла Плоцк, кој на таа позиција го има единствено Микал Дашек.