Тоше Ончев доминира во Словенија – прогласен за МВП на колото! (ФОТО)

Ракометарот од Македонија и член на Тримо Требње, Тоше Ончев, по одличната партија против Марибор, беше прогласен за играч на 17. коло во словенечкиот шампионат.

Македонецот со десет постигнати погодоци беше најзаслужен за важната победа над Марибор, со резултат 30:24.

Ончев во онлајн гласањето освои најмогу гласови, скоро 31%, а неговите конкуренти не беа ни блиску до неговиот резултат.

Тримо Требње останува на втората позиција веднаш зад Целје со 28 бода, односно три бода помалку и натпревар помалку. Во следното коло Ончев со својот тим ќе гостува кај екипата на Смартно.