Томовски феноменален, го однесе Лудвигсхафен во четврт-финале во Купот на Германија

Репрезентативниот голман на Македонија, Мартин Томовски одработе одличен натпревар за својот тим Лудвигсхафен против Хам Вестфален во Kупот на Германија, на кој на гостински терен беше забележан триумф од 25:24.

Првпат откако настапува во првенството на Германија беше на голот цел натпревар и успеа да забележи девет интервенции. Лудвигсхафен до победата стигна потешко од очекуваното, а на крајот од првото полувреме имаше негатива од еден гол, 14:13. По голема борба во вториот дел тимот од 2. Бундес лига беше елиминиран.

За разлика од Томовски, Филип Миркуловски со Вецлар немаше толку среќа. Иако на полуреме екипата на Вецлар беше во предност од два гола и водеше со 14:12 во продолжението од мечот Кил успеа да се врати. Победникот беше решен дури на 30 секунди пред крајот кога Пекелер ги постави конечните 26:25.

На другите натпревари Рајн Некар имаше многу проблеми со Гепинген на домашен терен,  кого го совлада дури по продолженија. Во регуларните 60 минути беше 29:29, а во дополнителните 10 минути домашниот состав беше подобар со 7:5. Лемго се пласираше во четврт-финалето елиминрајќи го пред своите гледачи составот на Бергишер.

КУП НА ГЕРМАНИЈА

РЕЗУЛТАТИ

Рајн Некар – Гепинген 36:34 (29:29, 14:16)

Лемго – Бергишер 27:24 (12:12)

Хам Вестфален – Лудвигсхафен 24:25 (14:13)

Вецлар – Кил 25:26 (14:12)