Томовски: Нема дилеми, одиме на победа на двата дуели против Загреб

Ракометарите на Вардар ги очекува првиот четвртфинален натпревар од регионалната СЕХА лига против Загреб.

Голманот Мартин Томовски вели дека хрватскиот шампион е анализиран, познати се неговите слабости и Вардар ќе оди на победи на двата меча.

„Загреб е солидна екипа што долги години игра во СЕХА лигата. Оваа сезона се засилени, особено во одбраната, која им е главно оружје со двајца доста искусни играчи од Бундес лигата. Не треба да не интересира сето тоа, имавме доволно време да се подготвиме, имаме видео анализи, ќе ги согледаме сите нивни слабости. Нема дилеми, одиме на победа на двата меча и пласман на Ф4 во Задар“, вели Томовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Загреб се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.