Томовски доби награда за одличната вечер, има Топ 5 одбрана во ЛШ (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Мартин Томовски собра 13 интервенции на средбата против Пик Сегед, но тоа не беше доволно за победа на гостувањето во Унгарија поради многуте грешки направени во играта во напад.

Сепак, добрите одбрани не останаа незабележани, па една од нив заврши во изборот на Топ 5 интервенции на ЕХФ.

Томовски се најде во друштво на Вјачеслав Салдаценка (Мешков Брест), Роланд Миклер (Пик Сегед), Никлас Ландин (Кил) и Андреас Волф (Келце).

Со оглед на тоа што се работи за одлични голмани кои се веќе докажани ова е сам доказ колку е голем напредокот на Томовски и веќе е дел од елитата во Лигата на шампионите.

Најдобрите пет одбрани во 7. коло од Лигата на шампионите можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.