Толедо доби српско друштво, Баја Маре полека го комплетира ростерот

Романскиот Баја Маре, се чини следната сезона сака да претендира на титулата и да биде конкурент на триото од Букурешт – Динамо, Стеауа и ЧСМ.

Тимот во кој летово се пресели поранешниот вардарец, Жозе Толедо, веќе го ангажираше десниот бек Никола Скробиќ, како и левиот Едмилсон Араухо.

Дојдоа уште двајца ракометари, поранешниот репрезентативен лев бек Јонут Рамба од ЧСМ Букурешт и десното крило Тудор Богдан од Васлуи.

Баја Маре ќе игра во Лигата на Европа и најверојатно ќе стартува од второто квалификациско коло.