„Тоа што го договаравме – не го одигравме“

Екипата на Чаир се наоѓа пред елиминација од Купот на ЕХФ, откако загуби со 26-41 од српската Наиса Ниш.

Чаирчанки споро се враќа во одбраната, оставаа премногу простор и примаа лесни и брзи погодоци.

Тренерот Басри Латифи смета дека пресудно било неискуството на екипата.

„Ние сме далеку понеискусна екипа од Наиса. Првото полувреме добро се држевме, но во вториот дел заморот си го стори своето и изгоревме во преголемата желба. Сепак мислат дека главната причина беше нашето неискуство. Беше студирана играта на ривалот, но тоа што го работевме на тренинзите и што беше договорено да се игра – не беше испочитувано. Примавме лесни голови, споро се враќавме назад и се мачевме во нападот. Додека имавме сила, игравме малку послободно. Ни треба нас во тимот еден класичен бек шутер, десен бек и пикер, кој ќе биде реализатор во нападот“, вели Латифи за 24Ракомет.

На Чаир по реваншот со Наиса, ќе му остане домашниот шампионат, во кој има амбиции најмалку за второто место.

Ние веќе ги одигравме дерби натпреварите против Металург и Куманово. Со Металург загубивме несреќно само со еден гол, со Куманово се држевме 55 минути и има надеж дека во реваншот може да направиме нешто повеќе. Реално ќе се бориме за второ место кое води во Лигата на Европа, не дека се откажуваме и од првото место, но тешко дека Куманово ќе киксира на другите натпревари“, заврши Латифи.

Чаир пред реваншот со Наиса Ниш ќе го одигра дуелот од Женската лига против екипата на Ѓорче Петров во вторник.

Чаирчанки со пораз на дебито во Европа, едно добро полувреме премалку против Наиса

Чаир изгоре од преголема желба, Наиса на чекор до пласман во трета рунда (ФОТОГАЛЕРИЈА)