Тим билдинг на Маврово: Одличен ден за Еурофарм Пелистер, забава со Laser hunt (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер веќе четврти ден се во Маврово каде што ги одработуваат тренинзите од првата фаза од подготовките, а како и најголемиот дел од екипите низ Европа имаат можност и за забавување и кревање на тимскиот дух.

Играчите на тимот од Битола се во одлична кондиција и покажаа дека одлично се снаоѓаат и низ шумата на Маврово. Се забавуваа со laser hunt имаа можност да одработат интересен ден така што атмосферата е одлична.

Ова секако само може да го радува тренерот на Еурофарм Пелистер бидејќи момците се во добра форма и се подготвени за сите предизвици.