Тимот што победува не се менува: И против Литванија со истите 16 девојки

Репрезентацијата на Македонија во кадетска конкуренција денеска го игра вториот натпревар на ЕХФ шампионатот во Литванија, а противник е селекцијата на домаќинот.

Со почеток во 18 часот тие ќе истрчаат во Клаипеда и ќе се најдат пред сериозен предизвик бидејќи ова е натпревар кој може да ги насочи кон полуфиналето.

И за оваа средба селекторот на Македонија, Љубомир Савевски се одлучи за истиот состав така што нема да има измени. Девојките кои играа и вчера против Косово ќе истрчаат и денеска на теренот.

Тоа значи дека Савевски ќе ги има на располагање следните ракометарки: Јовановска, Кирова, Нестороска, Спасевска, Коловска, Јанкуловска, Дукоска, Равојска, Тошевска, Коцева, Пешиќ, Еленин, Богојеска, Ризоска, Коцева и Младеновска. Како резерва останува Матеа Чурлиновска, која е 17-тата девојка во составот во Литванија.