Тимот на Јоновски и Лазаров ќе се бори за пласман ранг погоре

Во овој момент во германските регионални лиги нема натпревари поради актуелната ковид ситуација, но тамошната федерација објави дека ќе се играат квалификациски турнири за пласман ранг погоре.

Во средината на јуни, тимот на Ратинген, каде што тренер е Ацо Јоновски, а Филип Лазаров е активен играч, ќе се бори за промоција во Третата лига на Германија.

Иако сите германските клубови од пониските лиги имаа проблеми со финансиите за време на корона пандемијата, сепак Ратинген потврди дека ќе добие финансиска поддршка за настап ранг погоре.

Пропозициите и деталите околу турнирите се уште не се објавени, а веројатно ќе зависат од тоа колку екипи ќе ја бараат шансата за настап во ранг погоре следната сезона.