Тимовите од Македонија ги дознаа судиите за дуелите во Европа

Од денеска започнуваат настапите на женските тимови од Македонија во третото по ранг европски клупско натпреварување, Европски Куп.

Македонија ја претставуваат четири тима, а прв на терен е шампионот Ѓорче Петров, кој два пати ќе игра на Исланд.

ЕХФ ги делегираше официјалните лица за сите осум меча.

Дуелите меѓу Ѓорче Петров и КА Тор ќе се играат денеска и утре во Акурејри со почеток во 21:30 часот, а ќе ги судат Кломперс и Стобе од Холандија, додека делегат е Веихе од Фарски Острови.

Натпреварите меѓу Куманово и Макаби Аразим ќе се играат на 10 и 11 октомври во Рамат Ган со почеток во 18:00 часот. Судии се Хараламбус и Ефстатиу од Кипар, додека делегат е Мелконијан од Ерменија.

Двобоите меѓу Истогу и Чаир ќе се играат во Истог на 15 и 16 октомври со почеток во 17:00 часот. Арбитри на овие два меча ќе бидат Бошњак и Мариќ од Босна и Херцеговина, а делегат ќе биде Ракочевиќ од Црна Гора.

Едиствен македонски тим што ќе игра на домашен терен во Европскиот Куп ќе биде Металург. Првиот дуел против ПАОК се игра во Солун на 8 октомври од 15:00 часот, а судии ќе бидат браќата Агакиши од Азербејџан, додека делегат е Константину од Кипар. Реванш средбата ќе се игра во Скопје на 16 октомври од 16:30 часот, судии ќе бидат Битиќи и Касапи од Косово, додека делегат е Андреев од источниот сосед на Македонија.