Тиквеш се израдува на бодови во Радовиш

Ракометарите на Тиквеш забележаа триумф на гостувањето во Радовиш кај истоимениот тим со 28-22, во натпревар од 9 коло во суперлигашката конкуренција.

Кавадарчани имаа плус четири во првото полуреме, 10-6, но радовишани заиграа подобро во продолжение, направија серија од пет гола и за првпат водеа во мечот со 11-10. Сепак Стефановиќ и Шулески се погрижија за предност на Тиквеш на паузата, 12-11.

Клучниот период за победата на Тиквеш беше средината на вториот дел, кога српското трио Стефановиќ, Симиќ и Петровиќ погодуваше и кавадарчани се одлепија на плус пет, 22-17.

До крајот се играше гол за гол и домаќините немаа сили за камбек во натпреварот. Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Симиќ и Стефановиќ со по седум гола, додека кај Радовиш се истакна Постолов со седум погодоци.