Тешко прво полувреме за Еурофарм Пелистер, има минус шест против Магдебург

После 30 минути игра на дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Магдебург гостите од Германија имаат водство од шест гола разлика и резултат од 15:9 кој им гарантира мирна средба до крајот.

Од почетокот на средбата гостите тргнаа во налет и успеаја да дојдат до предност. Направија позитива од 4:0 после шест минути игра и успеаја да стигнат до резултат со кој можеа постојано да го диктираат темпото. На ракометарите на Еурофарм Пелистер им беше тешко да следат после овој резултат и постојано беа во негатива.

Магдебург после доброто отворање ја смири играта и имаше целосна контрола. Имаше игра со која можеше да го има натпреварот во своја корист, а олеснување беше и лошата реализација. Откако дојде до стабилизирање на шутот кај домашните се стабилизираше и резултатот, но предноста постојано беше од четири до шест гола.

Најголемото водство на Магдебург беше во 20. минута кога стигна до 11:3, но тука следуваа подобри минути за домашните кои успеаја до крајот да се вратат и да стигнат до подобар резултат пред заминување на одмор.

На паузата е 15:9, а во овој прв дел најмногу голови имаше Мандалиниќ. Тој трипати го погоди голот на Магдебург, додека Мараш и Велковски беа прецизни двапати. Другите два гола беа дело на Маркоски и Радовиќ. Во Магдебург Мертенс и Магнусон имаат по четири погодоци.