ТЕЛЕВИСА ПРЕСЕНТА: Толедо и Дибиров со теленовели се „загреваат“ за Порто (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска ќе имаат тежок натпревар на гостувањето кај Порто во Португалија, а победа ќе им донесе најмалку петто место во групата Б од Лигата на шампионите.

Шанси ќе има и за уште едно место погоре, но за тоа треба да се поклопат и другите резултати, односно Монпелје да загуби на гостувањето кај Веспрем, што е реално да се очекува.

Сите ракометари на различен начин се релаксираат пред тешкиот дуел, а цимерите Жозе Толедо и Тимур Дибиров тоа го прават со теленовели во хотелската соба во Порто.

Натпреварот меѓу Порто и Вардар се игра во „Драгао Арена“ во 16:00 часот.