Тамше нема да го води Нексе против Вардар

Ракометарите на Вардар вечерва го играат вториот натпревар од групната фаза во регионалната СЕХА лига. Ривал е незгодниот хрватски вицепрвак Нексе Нашице, кој се радуваше на триумф минатата сезона во четвртфиналниот дуел во Скопје.

Нексе има нов тренер, Бранко Тамше, кој дојде на местото на Хрвоје Хорват, кој пак стана селектор на Хрватска.

Сепак Тамше нема да го води тимот во Скопје, поради некомплетна документација и ќе му се придружи на тимот во среда.

Нексе против Вардар ќе биде предводен од асистент тренерот Фрањо Лелиќ. Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 20:15 часот.