Тамше: Го респектираме Вардар, но и ние се прашуваме за нешто на овој дуел

После паузата за репрезентативни настапи продолжуваат натпреварувањата во клупската конкуренција. Следен предизвик за Вардар е хрватски Нексе во рамки на СЕХА лигата.

Во пресрет на натпреварот на кој домаќин е Нексе во Нашице тренерот Бранко Тамше имаше свое видување и очекување за овој дуел на клупската прес конференција.

„На натпреварот ќе пристапиме со максимален ангажман за да можеме против Вардар да направиме што повеќе, односно да освиме барем бод или победа. Знаеме дека Вардар е составен со многу добри играчи, но секогаш првиот натправар после резпрезентативните собири е специфичен. Ни недостасуваа Халил Јагањац и Александар Бакиќ, сега се тука и се надевам дека се одморни. Како и да е до среда ќе се подготвиме максимално, ја респектираме екипата на Вардар но и ние се прашуваме за нешто на тој натпревар“, рече Тамше.

Исто така младиот црногорски репрезентативец, Александар Бакиќ го најави дуелот против Вардар.

„Се опоравив од малата повреда, ни следи дуел со Вардар, тоа е екипа со многу квалитени играчи кои повеќе години се на врвно ниво. Освојуваа трофеи во Лигата на шампиони и СЕХА лигата и имаат големо искуство. Ние нема лесно да се предадеме на домашен терен, ќе дадеме се од себе и ќе се потрудиме да се прикажеме во што подбро светло и да стигнеме до победа“, коментираше Бакиќ.

Натпреварот се игра утре со почеток во 17 часот.