Талески: Мораме побрзо да се враќаме назад во одбрана

Македонија дојде до победа со 31:28 на првата од двете контроли против Израел и ја продолжи победничката серија во подготвителниот период после двата триумфи против Кувајт.

На овој дуел одигран во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ селекцијата на Македонија победи со три гола разлика, а грешките кои се појавија ќе мора да се поправаат.

„Мораме побрзо да се враќаме назад во одбрана. Тоа нѝ е слаба точка. Тоа што го анализиравме тоа и излезе на терен. Во напад имавме техники грешки и мораме да ги намалиме на една до две по натпревар. Натпреварот беше турбулентен. Подготвени сме и можеме да трчаме, но навиката за враќање назад мораме да ја подобриме“, изјави Талески.

Дали ова ќе биде поправено на втората контрола ќе се види утре.