Суперлигашите на терен, осум екипи го сакаат шампионскиот трофеј

Со трите натпревари кои ќе бидат одиграни денеска се отвора плеј-оф сезоната во Супер машката лига во која осум екипи ќе бидат во битка за титулата.

После минатата сезона во која шампионатот беше прекинат сега сите очекувања се да има пролетен дел во кој ќе дојде до голема борба за првата позиција односно осумте екипи да се најдат во интересна трка за излез во европските купови.

Сосема извесно е дека битката за титулата ќе се сведе на пресметките меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер иако тука свој збор ќе имаат и Металург, Охрид, па голема е веројатноста и Пролет и Бутел Скопје кои ќе сакаат бод плус.

Во првото коло денеска Еурофарм Пелистер е голем фаворит против Струга, додека на другите две средби ќе има надигрувања, но на хартија гостите би требало да бидат поблизу до победа што не мора да значи бидејќи ќе треба на теренот да се види најдоброто.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

ПЕТОК, 5 МАРТ

17:00ч

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

18:30ч

ПРОЛЕТ – МЕТАЛУРГ

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

19:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГРК ОХРИД

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

САБОТА, 6 МАРТ

15:00ч

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевкси и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Во продолжение можете да го видите и распоредот за пролетниот дел од сезоната во плеј-оф групата од Супер машката лига.