СТРУГА 2020: Титула како роденденски подарок (ФОТО)

Битолски Еурофарм Пелистер по девет години повторно освои трофеј на местото каде што славеше во 2011 година.

На Струшкиот турнир битолчани го победија европскиот шампион Вардар со 26-23 и заслужено се радуваа на крајот.

Десното крило Милан Ѓукиќ доби титула како подарок од соиграчите за неговиот 35-ти роденден.

По завршувањето на мечот доби и торта…