СТРУГА 2020: Тим билдинг – И металурзите се разладија во Охридското езеро (ФОТО)

Ракометарите на Металург ги завршија своите обврски од групната фаза во Струга после првите три дена, па денеска ракометарите и стручниот штаб добија можност да уживаат во убавините на Охридското езеро.

Ова беше уште еден ден искористен за одмор и за тим билдинг во кој секако можеа и да се разладат во Охридското езеро така што подготвени ќе го дочекаат утрешниот ден кога најверојатно ќе се соочат со Охрид во битката за 3. позиција на Струшкиот турнир.

Како изгледаше на денешниот ден за Тим билдинг и забава на Металург можете да погледнете низ фотографиите во продолжение.