СТРУГА 2020: Талески и Џомба со „црвено-црн“ првенец, стрелаше и Валчак…(ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар го играат првиот натпревар по долга пауза, а ривал е тимот на Охрид на Струшкиот турнир.

Стевче Алушовски го започна натпреварот со Дисингер, Јотиќ и Вујин на бековските позиции, Ристовски беше на голот, а на внатрешните почнаа староседелците Стоилов, Дибиров и Чупиќ.

Српскиот десен и хрватскиот среден бек веќе ги запишаа своите први погодоци во „црвено-црниот“ дрес.

СТРУГА 2020: Вујин и Јотиќ ги постигнаа првите погодоци за Вардар (ВИДЕО)

Во второто полувреме деби голови постигнаа и македонските репрезентативци Филип Талески и Гоце Георгиевски, како и полскиот интернационалец Патрик Валчак.

Погледнете…