СТРУГА 2020: Вујин и Јотиќ ги постигнаа првите погодоци за Вардар (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар го играат првиот натпревар по долга пауза, а ривал е тимот на Охрид на Струшкиот турнир.

Стевче Алушовски го започна натпреварот со Дисингер, Јотиќ и Вујин на бековските позиции, Ристовски беше на голот, а на внатрешните почнаа староседелците Стоилов, Дибиров и Чупиќ.

Српскиот десен и хрватскиот среден бек веќе ги запишаа своите први погодоци во „црвено-црниот“ дрес.

Деби имаше и Филип Талески, но македонскиот репрезентативец не постигна гол во првото полувреме.

Погледнете…