СТРУГА 2020: Награда за победата над Металург – „фармацевтите“ уживаат на катамарани на Охридското езеро (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер стартуваа победнички на Струшкиот турнир и славеа над Металург со 24-22 во првото коло од групите.

„Фармацевтите“ добија слободен ден од тренерот Жељко Бабиќ и веднаш се упатија кон Охрид.

Уживаат возејќи се на катамарани низ Охридското езеро, а дел од играчите и се разладија.

За Еурофарм Пелистер остануваат уште две средби од групата, против Прилеп и против домаќинот Струга.