Пред утрешниот старт на турнирот во Струга, екипата на Бутел Скопје доби убави вести.
После направените тестови за Ковид 19 сите резултати се негативни така што сите ракометари и комплетниот стручен штаб ќе можат без проблеми да бидат на турнирот и да го одработат натпреварувањето.
Како што е познато пред овој турнир сите клубови мораше да направат тестови за да можат да настапат на истиот. И од Металург објавија дека резултатите се негативни кај сите од клубот, а сега истата вест доаѓа и од Бутел Скопје.